Мафини од спелтино брашно и сѐ што ќе најдете во фрижидерот

Кога ќе сфатите дека немате ништо конкретно за јадење, а наеднаш се сите гладни, не очајувајте, за овие мафини нема да ви требаат повеќе од 35 минути, а внатре можете да ставите сѐ што ќе ви дојде под рака

0
94

Мафините ги направивме набрзина, со една шолја спелтино и една шолја бело брашно, три јајца, 1 шолја јогурт, 1/2 шолја масло, спанаќот што ви останал во фрижидерот, сечкани кисели краставички, сирење колку што ви останало во садот, прашок за пециво и, се разбира, некоја семка за украс и крцкавост.

Подмачкајте ги калапите со путер и поросете брашно, ставете од смесата во секоја вдлабнатина и поросете со семки од сончоглед и тиква. Печете ги мафините во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Вкусни се и што е најважно, за пола час веќе имате топли залаци на маса.