Мафини со сирење и пармезан

Конечно најдовме одличен рецепт за солени мафини. Пробајте ги!

0
154

Состојки:

180 мл вода

70 г путер

1/2 лажичка сол

1/8 лажичка црн пипер

128 г брашно

4 јајца

96 г рендано сирење

1/4 лажичка магдонос

64 г рендан пармезан

Приготвување:

Во еден сад ставете ги водата, путерот, солта и црниот пипер да зовријат, додадете го брашното и мешајте додека се формира тесто. Мешајте 2 минути додека да се исуши тестото, префрлете го тестото во сад и оставете да се олади малку. Додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте со дрвена лажица (не со миксер).

Додадете ги сирењето, пармезанот и магдоносот. Ставајте од смесата со лажица врз хартија за печење, а можете да ја поделите и во калапи за мафини (како што направивме ние). Одозгора наросете рендан пармезан.

Печете ги на температура од 220 степени околу 10 минути, потоа на 190 степени уште 20 минути.

Послужете ги топли.