Мафини со хељда, овесни снегулки и многу семки

Истовремено и крцкави и меки, со богат и полн вкус, одлични и за појадок, и за вечера

0
114

Состојки:

2 јајца

6 лажици брашно од овесни снегулки

6 лажици хељдино брашно

6 лажици ‘ржано брашно (ние ставивме обично бело)

2 лажици сончогледово семе

2 лажици мелено ленено семе

1 лажица мак

1 лажица црно семе

3 лажички прашок за печиво

1 лажиче сол

5 лажици маслиново масло

400 мл кисела вода

по вкус малку сирење, пармезан

За поросување: сусам, ким

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки, полека мешајќи со лажица. Оставете ја смесата да постои 5-6 минути. Потоа подмачкајте ги калапите за мафини со путер и наполнете ги со смесата. Поросете ги со сусам (со црн и со бел) или со ким.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.