Мајчина душица – лек за различни тегоби, ама и лек за ‘душа’

Ова лековито растение е одличен извор на витамини Ц, А, како и на железо, рибофлавин, бакар, манган, калциум, цинк, фосфор.

0
231

Самото име кажува се – мајчина душица, лек за многу тегоби, но и вистинско задоволство.

Она што ја прави лековита се есенцијалните масла.

Олеснува грчеви во разни облици, има способност да ги исчисти дишните патишта, делува како благ аналгетик и ги смирува нервите.

Одличен извор е на витамини Ц, А, како и на железо, рибофлавин, бакар, манган, калциум, цинк, фосфор.

Мајчината душица ќе ги ублажи проблемите со кашлица, ќе го зајакне имунитетот, ќе ја подобри циркулацијата и крвната слика, ќе го подобри здравјето на срцето, ќе помогне во лекување на афти во устата, ќе ги смири нервите, ќе помогне при габични инфекции, а добра е и за борба против акни и мозолчиња.

Кога правите чај од мајчина душица, важно е да се покрие чајот, бидејќи мајчината душица има состојки кои лесно испаруваат.

Фото: Pexels