Мед со ѓумбир: Не знаете дали е повкусно или поздраво

Медот со ѓумбир ја подобрува циркулацијата на крвта, го зајакнува имунитетот и лечи респираторни проблеми и рак. Покрај тоа, медот е одличен медиум за апсорпција и искористливост на лековитите својства на ѓумбирот во организмот.

0
622

И медот и ѓумбирот имаат свои посебни здравствени придобивки, но нивната комбинација дава дополнителни подобрувања. Можете лесно да ги споите во оваа превкусна и здрава комбинација такашто ќе изрендате парче ѓумбир, ќе го ставите во тегла и ќе го прелиете со мед. Земајте секое утро по една лажичка, а еве и кои се здравствените придобивки од оваа комбинација.

Неопходна помош кај астма

Се верува дека медот со ѓумбир лечи или ги намалува симптомите на астма. Тоа е природно смирувачка и антиинфламаторна мешавина што ја ублажува напнатоста, го стимулира протокот на кислород до белите дробови и помага во релаксирање на крвните садови.

Ги намалува проблемите со респираторниот систем

Медот со ѓумбир им овозможува моментално олеснување на луѓето кои страдаат од кашлица, воспалено грло и сув нос.

Ја олеснува хемотерапијата

Ѓумбирот ги намалува гадењето и повраќањето за време на хемотерапија.
Мачнина од хемотерапијата предизвикува цисплатин, примарна компонента на хемотерапијата, а ѓумбирот може да го балансира тоа со своите силни ефекти.
Исто така, ѓумбирот позитивно влијае на намалување на мачнината и повраќањето за време на бременоста. Во комбинација со природните смирувачки ефекти на медот, оваа мешавина е моќно превентивно решение против повраќањето и мачнините предизвикани од разни причини.

Спречува рак

Истражувањата докажале дека медот со ѓумбир ги стимулира антиоксидантните ензими кои ги намалуваат шансите за раст на ракот и метастази. Затоа, оваа комбинација не само што ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата, туку го намалува и ризикот од рак.

Го подобрува варењето на храната

Медот со ѓумбир содржи високо ниво на протеини кои помагаат во процесот на варење, а исто така ја стимулира и секрецијата на жолч што помага во растворање на мастите. Покрај тоа, ја стимулира цревната флора, која го забрзува процесот на варење и го олеснува движењето на цревата.

Ги штити срцето и крвните садови

Антиоксидантните својства на овој мед го модифицираат однесувањето на простагландините во организмот. Простагландините се липидни соединенија кои се ензимски изведени од масните киселини, присутни во ѓумбирот. Овие простагландини се наоѓаат во целото тело и се функционални елементи во скоро сите системи на органи. За здравјето на срцето е важно медот со ѓумбир да ја намали напнатоста на крвните садови, со што се намалува крвниот притисок и ризикот од атеросклероза.