Мексиканци создале веганска кожа која ќе ѝ стави крај на суровоста кон животните

Двајца претприемачи од Мексико нашле начин да се создаде кожа со употреба на кактус која не само што е еколошки прифатлива, туку и изгледа како вистинска кожа.

0
165

Веќе подолго време, луѓето се обидуваат да дојдат до одржлива, еколошка алтернатива на кожа, без суровост кон животните. Ова иновативно решение осмислено од двајца претприемачи од Мексико, Адријан Лопез Веларде и Марти Казарез нуди начин да се создаде кожа со употреба на кактус, не само што е еколошки прифатливо, туку и изгледа како вистинска кожа.

Изработена е целосно од кактус, а може да се користи за да се направи сè, од чевли до паричници.

Кактусот е многу еластичен и може да издржи на ниски температури во текот на зимата. Според нивната веб-страница, тие избираат и пресекуваат само зрели лисја на растението без да му наштетат на самиот кактус, и прават нова жетва на секои 6 до 8 месеци.

Веганската кожа се прави од кактус кој е познат по својата груба и дебела кожа, што ја прави совршена текстура за симулација на животинската кожа.

Во производството, созреаните листови се сечат од растението, се чистат и се толчат, а потоа се оставаат на сонце за да се сушат три дена пред процесирањето. Потоа може да се бојат со природна боја со помош на одредени методи. Резултатот е веганска кожа која е органска и може да се користи речиси една деценија.

Досега компанијата на двајцата Мексиканци работела на седишта за автомобили, чанти, па дури и облека. Кожата од кактус не содржи пластика и нема негативно влијание врз околината. Кожата била претставена на саем за произведувачи на кожа во 2019 година, а коментарите биле позитивни.