Мешавина од кефир, мед и тиква за подобро здравје

Оваа мешавина од кефир, мед и тиква е всушност руски народен лек за зајакнување на имунитетот и за подобро варење. Еве како да го направите

0
257

Зајакнувањето на имунитетот е првиот чекор во спречување на појава на грип или настинка. Исхраната игра значајна улога во зајакнувањето на имунитетниот систем, а постојат и напитоци кои се достапни и едноставни за подготовка, а поради кои имунитетот ќе биде посилен и ќе им се спротивставите на сезонските болести, па и на актуелниот ковид 19.

Кефир, заедно со тиквата, е главната состојка на овој напиток. Паметно е да се започне со нешто ново во мали количини, а кефирот не е исклучок од тоа правило. Ако ви одговара, на крајот можете да пиете кефир колку што сакате. Вообичаената количина е околу 1 до 4 шолјички на ден. На некои луѓе на почеток на консумирањето, не им годи кефирот, веројатно поради неговата кисела природа, карбонизацијата, алкохол (може да има и до 2%) или големата количина на пробиотици. Добра идеја во овој случај е полека да го оставите вашето тело и варењето да се навикнат на кефирот. Започнете со 1/8 шолјичка на ден (можете дури и да го мешате во полна чаша вода), а потоа постепено да зголемувате.

Кефирот може да се користи како лек во големи количини, но во краток период (како што е овој напиток или по хемотерапија кадешто може да бидат прифатливи 4 шолјички на ден). Одморете се еднаш неделно или слично, кога не консумираме кефир барем 1 ден. Дури и во Тибет постои верување дека е најдобро да се пијат само 2 шолји на ден, а по 20 дена да се направи пауза од десет дена.

Генадиј Петрович Малахов е познат руски писател на книги од областа на народната-традиционална медицина, кој живее и работи во градот Каменск-Шахински недалеку од Ростов на Дон. Досега има објавено повеќе од шеесет книги, кои се продадени во над триесет милиони примероци и преведени на неколку странски јазици. Со своите книги, тој сака да ги мотивира луѓето да го запознаат нивниот организам и да се лекуваат самите. Многу терапии, кои ги препорачува во своите книги, тој ги применува на самиот себе (уринотерапија, гладување, итн.).

Пијалок од тиква за моќно варење и за зајакнување на имунитетот

Состојки:

4 чаши природен кефир (од кефирни габички)
150 г сварена и пасирана тиква
1 лажица природен мед

Приготвување:

Земете 4 чаши кефир (околу 8 дл) и 150 грама варена и пасирана тиква. Измешајте сè добро, а потоа додадете лажица природен мед. Ова е навистина одличен напиток кој има извонреден ефект врз органите за варење и го зајакнува имунитетот на целиот организам.

Фото: Unsplash