Минерал кој ги тера вирусите! Го има во солта, рибата, но и во овошјето и зеленчукот!

Зголемениот дневен внес на јод, а во граници на максимално дозволената доза, ја забрзува апоптозата, односно смртта на клетките заразени со ковид-19, што спречува понатамошно ширење на вирусот.

0
425

Сезоната на грип е во тек, и за жал, бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 расте секој ден. Светската здравствена организација (СЗО) секојдневно предупредува на опасноста од совпаѓање на вирусот корона и епидемијата на грип. Затоа е важно да се грижите за вашето здравје, да се храните здраво и да ги следите препорачаните мерки.
Во борбата против инфекциите, јодот е исклучително важен за зајакнување на имунитетот. Ова е поддржано од неодамнешната студија на д-р Гери Ворен во публикацијата „Research Gate“, каде тој вели дека зголемениот дневен внес на јод, а во граници на максимално дозволената доза, ја забрзува апоптозата, односно смртта на клетките заразени со ковид-19, што спречува понатамошно ширење на вирусот.
Бидејќи телото не го произведува, треба да земаме јод секој ден, од 1,5 до 2,4 милиграми, во зависност од телесната тежина и се советува дека е најдобро тоа да се прави преку исхраната и водата.

Јодот најмногу се наоѓа во јодизираната кујнска сол, морската риба, особено во сината риба, во сите морски плодови, како и во ананасот, морковите, алгите.

Фото: Pixabay