Млекото со жалфија ќе ве ослободи од сувата и напорна кашлица

И покрај фактот дека овој рецепт е многу ефикасен за проблемите со кашлица, а самите лекари одамна сугерираат дека жалфијата поседува одличен искашлувачки ефект, доилките не смеат да го употребуваат, а исто така треба да бидат претпазливи и луѓето кои се склони кон заболување на бубрезите и хипотензија.

0
295

Кашлицата е грчевита контракција на мускулите, со која организмот се ослободува од слузта акумулирана во бронхиите и може да биде инфективна. Значи, кашлицата е помошник на кој му е потребна поддршка.

Решението за овој проблем е во лекувањето со жалфија.

Високата ефикасност на билката се објаснува со содржината на вредни етерични масла во нејзините лисја, кои имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство. Исто така, во нивниот состав има многу фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П, танини.

Рецепт за млеко со жалфија

Неопходно е во тенџере да се истури 250 мл млеко, да се додаде 1 лажица жалфија, по што, на тивок оган, треба да се доведе до вриење.

Штом млекото ќе зоврие, веднаш тргнете го од шпоретот. Додадете 1 лажичка путер, покријте го тенџерето и оставете го да стои околу 15 минути.

После тоа, треба да се исцеди и да се додаде 1 лажичка мед и една лажичка куркума (за деца – половина лажичка), и промешајте.

Треба да се испие цело, половина час пред спиење. Мирна ноќ без тешка кашлица е загарантирана.

Може да го подготвувате неколку дена, сè додека не почувствувате олеснување и лесно искашлување на слузта од бронхиите.

Рецептот може да го користат и деца и возрасни.

Но, и покрај фактот дека овој рецепт е многу ефикасен за проблемите со кашлица, а самите лекари одамна сугерираат дека жалфијата поседува одличен искашлувачки ефект, треба да се придржувате до одредени лекарски препораки.

На пример, овој напиток може да ја запре лактацијата, па затоа не им се препорачува на доилките. Исто така, треба да бидат претпазливи луѓето кои се склони кон заболување на бубрезите и хипотензија.

Фото: Pixabey