Моќен рецепт: Исчистете ги цревата со сок од морков и цвекло

Уште во минатото, грчкиот филозоф Хипократ изјавил дека сите болести почнуваат во цревата. Таа мисла никогаш не звучела толку вистинито како денес, кога сме сведоци на толкав број на луѓе кои страдаат од карцином на дебелото црево.

0
541

Ако цревата не функционираат правилно и не се празнат редовно, во вашето тело се задржува токсичен отпад, кој после се ресорбира во организмот и буквално ве труе одвнатре.

Ако долго време јадете пржена, масна и индустриска храна, заситена со токсини и адитиви, ѕидот на вашето дебело црево е обвиткано со стврдната слуз и колонија на „непријателски“ бактерии.

Поради ова, вашето тело не може да ги апсорбира повеќето хранливи материи, а тоа постепено го ослабнува вашиот имунитет и ве прави подложни на разни болести.

Затоа, патот кон здравјето започнува со детоксикација на цревата.

Знаците што укажуваат дека вашите црева се преоптоварени со отпадни материи и токсини се: запек; грчеви во желудникот или цревата; кандида; воспаление на мочниот меур или бубрезите; лош здив; габи на нозете.

За да направите детална детоксикација и да го зајакнете целиот организам, испробајте го рецептот на Викторија Семјонова, руски експерт за природни начини на лекување.

Напивка за детоксикација на цревата

Со конзумирање на овој пијалок, вие не само што може да ги исчистите цревата, туку и да го спречите развојот на рак на дебелото црево. Користете само домашни и еколошки одгледани намирници, во спротивно може да внесете во телото уште повеќе токсини.

Состојки:

½ кг моркови

½ кг свежо цвекло

1 грст сечкани суви кајсии

1 грст суво грозје

1 лажица мед

Приготвување:

Ситно исечкајте ги морковите и цвеклото и ставете ги во тенџере. Зовријте вода во друго тенџере и истурете ја врз зеленчукот, такашто водата да биде два прста над зеленчукот.

Потоа додадете исечкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го тенџерето на оган и тргнете го веднаш штом ќе зоврие. Кога ќе се олади, додадете 1 лажица мед.

Ставете ја течноста на некое ладно место и оставете да отстои 12 часа.

Потоа исцедете ја течноста преку газа и чувајте ја во фрижидер. Пијте половина чаша три пати на ден, пред јадење. Исто така, можете да ги консумирате парчињата овошје и зеленчук одделно или едноставно да ги додадете во вашиот оброк.

За да ги исчистите што подобро цревата, применувајте го овој рецепт еден месец. Оваа количина ќе ви биде доволна за 2 дена.

Фото: Pixabey