Моќен сок за имунитет и слабеење и природен антибиотик

Направете го овој прекрасен сок за зајакнување на имунитетот. До крајот на есента, ниту една болест нема да ви може ништо.

0
731

Состојки:

4 средни моркови

2,5 цм корен од ѓумбир

2 лимони (излупени)

2 чешниња лук

1 лажица јаболков оцет.

Приготвување:

Ставете ги состојките во соковник. Сокот што ќе го добиете пијте го два дена. Се пие три пати на ден. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 дена.

Со овој сок успешно се губат килограмите, се намалува крвниот притисок и се зајакнува имунитетот.

Морковот ги зајакнува sидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лош холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени …

Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Коренот може да ја ублажи болката во мускулите и да го подобри варењето на храната. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.

Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колаген.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а познат е и во борбата против ракот.

Јаболковиот оцет е волшебен еликсир богат со минерали и ензими, како и со витамини. Помага за подобрена работа на варењето на храната, се бори против киселини, го регулира нивото на шеќер во крвта.

Фото: Pixabay