Направете намаз од авокадо со јајца

Веќе долго време барате нешто едноставно, различно и убаво за појадок? Ние ви предлагаме вкусен намаз од авокадо и јајца во кој сигурно ќе уживате заедно со вашето семејство.

0
828

Состојки:

Зрело авокадо

3-4 тврдо варени јајца

2 млади кромидчиња

прстофат сол

црн пипер

две лажици маслиново масло

сок од лимон

Приготвување:

Ставете сè во блендер и измешајте или само згмечете го авокадото со вилушка и додадете ги исецканите јајца и кромид, сол, црн пипер, масло и сок од лимон. Послужете на тостирани парчиња леб.

Фото: Pixabey