Намалете ја киселоста во телото со чај од зеленчук

Еден од принципите на алкалната диета што ја намалува киселоста во организмот вели дека ако огладнеме помеѓу оброците, треба да се напиеме малку чај од зеленчук.

0
331

Кога неговото приготвување ќе ви прејде во навика менувајте ги зачините и билките што ги додавате за да го менувате вкусот; Покрај тоа, можете да му додадете остатоци од зеленчук од други рецепти.

Состојки за чај од зеленчук:

2 литри вода

3 моркови

1 пашканат или батат

4 стебленца на целер

2 кромиди

1 праз

2 компири

3 чешниња лук

6 зрна црн пипер

1 ловоров лист

Мала китка магдонос

морска сол или маса сол по вкус

маслиново масло за послужување

Приготвување:

Додека го подготвувате зеленчукот, ставете ја водата да зоврие. Излупете го зеленчукот, а потоа исечете ги кромидот и компирот на четвртини. Исечете го и фрлете го долниот крај на празот, а потоа исечете го на поголеми парчиња. Кога водата ќе зоврие, додадете го зеленчукот, лукот, црниот пипер и ловоров лист. Исечкајте ги ливчињата од магдоносот и ставете ги настрана, а стебленцата грубо исечкајте ги и додадете ги во зеленчукот. Покријте и намалете ја топлината, и гответе на тивко 30 минути. Исцедете го зеленчукот и чувајте ја течноста. Кога сакате да го пиете, загрејте го и посолете го. Послужете со малку лисја од магдонос одозгора и по желба попрскајте го со малку маслиново масло.

Фото: Pixabey