Наместо вечера за дебелеење, салата за слабеење

Ако сакате да изгубите некој килограм, препорачливо е во исхраната да внесете целер, а најдобро е тоа да биде свеж целер кој ќе го употребите во вашата салата за вечера или за ручек.

0
347

Наместо да вечерате нешто што ќе ви додаде килограми, а не можете да си легнете гладни, направете си ја оваа салата и гледајте како исчезнуваат килограмите.

Потребни ви се:

1 корен од целер
1 кисело јаболко
1 морков
1 грст ореви или печени бадеми

Прелив:

2 лажици сенф
3 лажици маслиново масло
сол и црн пипер
сок од 1 лимон
1 лажица мед

Приготвување:

Изрендајте ги целерот, јаболкото и морковот и измешајте. Направете прелив такашто ќе измешате сенф, маслиново масло, мед, сол и црн пипер. Прелијте ја салата, измешајте и додадете ореви или бадеми.

Фото: Pixabay