Наместо да се мерите на вага, направете си ваква врата

Ова е вратата на познатиот португалски манастир Алкобаса која води во кујната кадешто во минатото се хранеле свештениците, но оние кои ќе се здебелеле, едноставно не можеле да поминат низ неа и да дојдат до храната. Имено, вратата е широка само 32 сантиметри

0
137

Вратата што ја гледате на фотографијата се наоѓа во познатиот португалски манастир Алкобаса. Станува збор за едно од 7 -те „чуда на Португалија“ и место кое е под заштита на УНЕСКО, а приказната за оваа необична врата започнува во 18 век кога свештениците што живееле во манастирот, стекнале навика да уживаат во храната.

Откако било забележано дека станарите добиваат на тежина, било воведено едно едноставно правило – дневните оброци мора да се консумираат во манастирската кујна, а во неа се влегува преку вратата на фотографијата. Околу 2 метри висока и само 32 сантиметри широка вратата служела како еден вид на диета затоа што сите оние кои биле премногу дебели и не можеле да поминат низ вратата едноставно немале пристап до храна додека не изгубат неколку килограми.

Добра идеја, нели?