Наместо кечап и мајонез, направете поздрави варијанти на сосови

Сосовите го подобруваат вкусот на јадењата и му даваат сосема нова нота. Кечапот и мајонезот се меѓу најчесто употребуваните, но дефинитивно, не се многу здрави.

0
1055

Кечапот долго време е на списокот на штетни производи, а мајонезот е лош за линијата, и притоа, брзо се расипува. Сите јадења со мајонез може да се расипат ако не се чуваат на соодветна температура.

Затоа ви подготвивме неколку одлични рецепти за сосови без кечап и мајонез и што е најважно, сите тие содржат природни состојки!

Сосови кои се подобри од мајонезот и кечапот

Шпански салса сос

Состојки:

15 шери домати (ако немате свежи, употребете пелати од конзерва)

1 чешне лук

20 г млад кромид

20 г копар

1 лажичка балсамико

1 лажица доматно пире

1 лажица маслиново масло

сол и црн пипер по вкус

Приготвување:

Ставете ги во блендер доматите, лукот, кромидот и копарот и мешајте ги додека не добиете паста. Во тоа смеса додадете балсамико, паста од домати и маслиново масло. Додадете сол и црн пипер.

Прелив за салата

Состојки:

3 лажици маслиново масло

2 лажици балсамико

1 чешне лук

сол и црн пипер по вкус

Приготвување:

Исечкајте го чешнето лук. Истурете маслиново масло и балсамико во мал сад и додадете го лукчето, сол и црн пипер, затворете го садот со капак и добро измешајте. Овој сос ќе биде одличен прелив за вашата салата

Сос од копар

Состојки:

20 г копар

6 чешниња лук

1 лимон

½  лажичка кора од лимон

100 мл маслиново масло

сол по вкус

Приготвување:

Ситно исечкајте го копарот. Изрендајте ја кората од лимон и исцедете го сокот. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте, а потоа префрлете го сосот во тегла. Одлично оди со месо, риба или со салата од свежи краставици.

Кисело-сладок сос

Состојби:

4 лажици вода

1 лажичка пченкарно брашно

2 лажици шеќер

2 лажици оцет

1 лажица доматно пире

1 лажица сос од соја

3 лажици сок од портокал

Приготвување:

Во мала чинија измешајте го брашното во зовриена вода. Во тенџерче измешајте ги шеќерот, оцетот, доматното пире, сосот од соја и сок од портокал. Додадете ја мешавината од пченкарно брашно и ставете ја на шпоретот. Кога ќе зоврие, тргнете го сосот од огнот. Овој сос ќе го оживее вкусот на зготвено месо и може да биде одличен додаток за печеното месо.

Песто сос

Состојки:

60 г босилек

2 чешниња лук

50 г пармезан

3 лажици пињоли

100 мл маслиново масло

Сол по вкус

Приготвување:

Измијте го и исушете го босилекот. Исечкајте го лукот и сите состојки ставете ги во блендер: лук, босилек (цели стебленца), пармезан, пињоли, третина од маслиновото масло и малку сол. Измешајте, постепено додавајќи го остатокот од маслиновото масло за да се добие потребната конзистентност. Готовото песто мора да биде хомогено!

Во Италија, песто сосот се јаде со шпагети, со полнети кнедли, со фетучини. Честопати се става на свински шницли, на пилешко или на риба пред печењето, а се додава и во различни салати со морски плодови.

Сос од сирење

Состојки:

200 г топено сирење

10 мл зејтин

200 мл неутрална павлака

3 лажици пињоли

50 г тврдо сирење

зачини по желба

Приготвување:

Изрендајте го тврдото сирење. Во мал сад измешајте ги растопеното сирење, зејтин и неутрална павлака. Варете ја оваа смеса на тивок оган додека не зоврие. Намалете ја топлината и додадете го тврдото сирење и зачините во вашиот сос. Варете уште три минути и исклучете.

СОВЕТ

Изберете го сосот во зависност од тоа што јадете. На пример, со јадења со слаб вкус, оди сос со интензивен вкус, за варено месо е најдобар кисело-сладок сос, а за јадење со нежно, немасно месо, подгответе богат сос со силна арома.