Наместо слатка, солена роденденска торта

Ако имате некој близок кој знаете дека не е многу по благото, израдувајте го за роденден со солена торта. Ако сака лук и ореви, ова е одлична варијанта, а ќе остане и за соседите. Претпоставувате зошто треба да споделите и со соседите, нели?

0
260

Кога некој не сака баш благо, тогаш она на што повеќето луѓе се радуваат, роденденската торта, можеби нема да им ја измами очекуваната насмевка.

Затоа еве одлична идеја за солена роденденска торта која мора да се сподели со сите дома, па дури и со соседите. Во спротивно, ќе биде непријатно. Имено, во овој деликатес оди најмалку една цела главица лук.

Состојки:

500-600 г брашно

2 јајца

кисела вода

млеко

1 лажичка сол

зејтин

1-2 главици лук

150 г ореви

вода

Приготвување:

Направете тесто за палачинки и испржете ги на вообичаениот начин.

Лукот излупете го и истолчете го заедно со 1 лажичка сол и 3-4 лажици зејтин и направете паста.

Во тенџере зовријте две чаши вода и додадете ја во пастата од лук. Измешајте и додека е уште жешка преливајте врз секој ред палачинки што ќе го наредите во тепсијата. Помеѓу секој ред поросувајте и сечкани ореви. Ако ви остане од смесата со лук истурете ја врз палачинките и завршете со сечкани оревчиња.

Направете го ова во тркалезна тепсија за да личи на торта.