Намирници за јакнење на имунитетот со кои можеме да направиме здрави и вкусни оброци

Покрај редовната хигиена, миењето на рацете и дезинфекцијата на просториите во кои живееме, она што секој од нас може да го стори за борба против коронавирусот, како и против секој друг вирус, е да го зајакнеме сопствениот имунитет.

0
505

Ситуацијата со коронавирусот се влошува секој ден. Експертите советуваат да останеме дома и да ги намалиме социјалните контакти и престојот во затворен простор кадешто има повеќе луѓе. Покрај редовната хигиена, миењето на рацете и дезинфекцијата на просториите во кои живееме, она што секој од нас може да го стори за борба против коронавирусот, како и против секој друг вирус, е да го зајакнеме сопствениот имунитет. Еден од начините на кои можеме да го сториме тоа е преку намирниците што секојдневно ги консумираме, па затоа е секогаш добро да ги имаме при рака.

Избалансираната исхрана е клучот за здравјето

Започнете го денот со топла вода со лимон. Ова ќе му помогне на вашето тело да ги исфрли токсините и да го зајакне имунолошкиот систем. Во текот на денот, важно е да пиете доволно течност за да останете хидрирани, а покрај водата, можете да пиете и чаеви. Кога станува збор за исхраната, треба да биде избалансирана и да му дадете на вашето тело сè што е потребно за да функционира нормално. Она на што треба да посветите посебно внимание е да консумирате доволно протеини и витамини Ц и Д.

Зелениот зеленчук како спанаќ, кељ и брокула ќе ви овозможи витамини Ц и Е. Овошјето како што се лимон, портокал и грејпфрут ќе ви даде витамин Ц, додека за витамин Е, земете авокадо и јаткасти плодови. Храната богата со протеини вклучува јајца, соја, мешунки, риба, посно месо, семиња и гореспоменатите јаткасти плодови. Семките, јаткастите плодови, како и рибата, посното месо, но и гравот и млекото се богати со цинк, што е исто така добро за зајакнување на имунитетот.

Јогуртот е друга состојка која е одлична за имунитет затоа што содржи витамин Д, сепак, меѓутоа, важно е да се потенцира дека треба да се избегнува јогурт во кој се додава шеќер или други засладувачи. Вкусен и здрав појадок е да додадете свежо овошје и малку мед во вашиот јогурт. Со јогурт и овошје, можете да направите и смуди во кое исто така можете да додадете и семки и / или јаткасти плодови – одличен избор за меѓуоброк!

Намирници што треба да се вклучат во исхраната

Сите знаеме дека лукот е добар за здравјето и нема кујна во која тој не се наоѓа затоа што им дава посебен вкус на јадењата. Добро е да се јаде сиров, но ако јадењето сиров лук не ви звучи привлечно, не треба да се грижите – замаскирај го во речиси во секој оброк.

Вклучете ја и старата добра пилешка супа во која се сварени коските затоа што содржат многу хранливи материи кои се корисни за имунитетот. Од зачини користете куркума, која е еден од најсилните природни антибиотици што не ја уништуваат флората и добрите бактерии во цревата, туку го стимулираат развојот на добрите. Можете да ја додадете во пржени јајца, да ја комбинирате со печен зеленчук како карфиол, па дури и да ја ставите во чинијата со пилешка супа. Ќе ја споменеме и киселата зелка, која е богата со витамини Б1, Б6, Б8, Ц и К, разни минерали, диетални влакна и антиоксиданти.

Секоја од наведените намирници може да ја консумирате во различни јадења и оброци од појадок до вечера, па затоа е добро време да ги вклучите во вашата исхрана, доколку уште не сте го сториле тоа.

Постои уште еден начин како да го зајакнете имунитетот со здрава и урамнотежена диета, а тоа е вежбањето. Тоа во нашите клетки предизвикува процес наречен автофагија во кој клетките се ослободуваат од сопствениот несакан отпад. Не мора да одите во теретана ако немате време или волја да го направите тоа – вежбајте дома. Со само половина час вежбање на ден, ќе направите многу за вашето тело.

Фото: Unsplash