Намирници што можете да ги јадете и откако ќе им истече рокот

Не ги фрлајте намирниците на кои веќе им истекол рокот затоа што некои намирници можете да ги јадете дури и по рокот на траење на амбалажата.

0
1368

Годишно се фрлаат околу 1,3 милијарди тони храна годишно во светот, а една од најчестите причини е тоа што најчесто не ја изедуваме храната што ја чуваме во фрижидерот па ѝ истекува рокот на траење. Но, не е расипана целата храна, дури и ако ѝ е истечен рокот. Еве кои намирници можете да ги јадете по истекот на рокот, и така ќе ви заштедат пари за купување нова храна.

Сирење

Тврдо сирење можете да јадете и после датумот означен на пакувањето, што го означува датумот до кој е најдобро да се искористи. Многу повеќе внимание треба да се посвети на меките сирења, како што е свежото кравјо или кремаво козјо сирење, бидејќи во нив можат да се создадат отровни бактерии, па затоа никогаш не ги консумирајте по истекот на рокот на траење.

Житарки

Сушењето е еден од многуте методи што речиси трајно ја зачувува храната. Оризот и сродните намирници може да се чуваат во оставата и долго после препорачаниот датум до кој би требало да се искористат.

Зачини

Сувите зачини се практично вечни. Откако еднаш ќе купите шишенце со куркума, коријандер или некој друг зачин, не можете да знаете колку одамна се тие подготвени, а употребата на старите резерви на зачини сигурно нема да ве отрујат.

Конзерви

Ако лименката не е оштетена и ја чувате далеку од сонцето, тогаш она што е внатре, без разлика дали станува збор за зеленчук, течност или месо и риба, ќе бидат во ред за јадење неколку години, без оглед на датумот означен на пакувањето.

Кекси

Кексите омекнуваат со текот на времето, особено ако се остават во отворено пакување, но малку влага не е опасно по здравјето. За да ја оживеете крцкавоста на кексите, загрејте ги во рерната и откако ќе се изладат ќе бидат како свежи.

Замрзнати намирници

Замрзнувањето е идеален начин за зачувување на производот. Дури и ако етикетата на намирниците вели дека содржината треба да се искористи во одреден период, тоа е сосема произволен датум. Сè додека храната е темелно замрзната од почетокот, нема да забележите разлика по готвењето за три или шест месеци. Но, никогаш не ја одмрзнувајте и повторно замрзнувајте храната бидејќи е тоа рецепт за труење со храна.

Фото: Pixabey