Напиток од грејпфрут и оцет ги топи масните наслаги и го чисти црниот дроб

Грејпфрутот и оцетот традиционално се користат за борба против масното ткиво.

0
318

Нарингенин, антиоксиданс кој се наоѓа во грејпфрутот и цитрусното овошје, го стимулира црниот дроб да ги разградува мастите и во исто време ја зголемува чувствителноста на инсулин, објавил тим на научници од Ерусалим и САД.
Студијата објавена во 2010 година во списанието „Plos One“ открила дека нарингенинот со стимулирање на црниот дроб на разградување на масните киселини, всушност создава во организмот услови слични на постот. Имено, овој антиоксиданс се чини дека го имитира дејството на лековите што се користат за намалување на маснотиите и шеќерот во крвта, нудејќи ги придобивките на двата лека.

Резултатите од оваа студија посочуваат дека грејпфрутот оправдано ја носи титулата на чистач на црниот дроб благодарение на нарингенинот, носител на горчливиот вкус за кој и претходните истражувања потврдиле дека способност да го намали холестеролот и да ги ублажи симптомите на дијабетес.

Состојки за 1 напиток:

2 лажици јаболков оцет

1 црвен грејпфрут

1 портокал

1/4 лажичка цимет

Приготвување:

Исцедете ги портокалот и грејпфрутот и додајте ги циметот и оцетот. Протресете го пијалокот добро во шејкер или во тегла со капак за да ги измешате сите состојки.

Фото: Pexels