Напиток од грејпфрут и оцет кој го чисти црниот дроб

Ова јужно овошје е полно со антиоксиданти и е одлично за намалување на мастите и шеќерот во крвта, а помага и во слабеењето

0
416

Грејпфрут и оцет традиционално се користат во борбата против масното ткиво.
Имено, наригенинот, антиоксиданс кој се наоѓа во ова јужно овошје, го стимулира црниот дроб да ги разградува мастите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулин, заклучиле научниците од Ерусалим и САД.
Една студија објавена во 2010 година во списанието Plos One вели дека наригенинот, стимулирајќи го црниот дроб да ги разградува масните киселини, создава услови во организмот слични на постот. Се чини дека овој антиоксиданс го ‘имитира’ дејството на лековите што се користат за намалување на мастите и шеќерот во крвта.

Состојки за едно лице:

2 лажици јаболков оцет,
1 црвен грејпфрут,
1 портокал,
1/4 лажичка цимет

Приготвување:

Исцедете ги портокалот и грејпфрутот, додадете цимет и оцет. Добро измешајте.

Фото: Pexels