Напиток од 3 намирници за елиминирање на стомакот

Краставица, сок од лимон и чиа семе. За брзи резултати, заменете го појадокот со напиток од овие три вредни намирници

0
360

Летото е тука, а вие ако се подготвувате за на одмор, сигурно се сетивте да го испробате костимот за капење или бевте да си одберете нов. Ако се изненадивте од последиците од работењето од дома, и повеќе ја немате некогашната линија, не е доцна да го поправите тоа, односно, да го намалите оној критичен дел кој најмногу ве нервира. Напитокот содржи три состојки, а еднакво го фалат и манекенките и нутриционистите.

Според тврдењата на водечките експерти од областа на здравата исхрана, три состојки кои можат да бидат од голема помош при губење на несаканите маснотии се чиа семето, лимон и краставица, од кои се прави еден вид на шејк кој ќе ви помогне да го елиминирате стомакот.

Вредни диетални намирници

Лимонот се карактеризира со малку калории, и е одлично средство за елиминирање на маснотиите и истовремено антивирусно дејство. Лимонот го дава толку важниот витамин Ц, има добар вкус и делува како еден вид чистач на организмот.

Чиа семето е природен антиоксиданс и е многу богато со растителни влакна, што го олеснува елиминирањето на токсините. Заедно со бројните хранливи вредности, тие даваат чувство на ситост.

Веќе е познато дека краставицата е одлична за слабеење затоа што содржи многу вода и малку калории. Краставицата го забрзува метаболизмот. Покрај тоа, е одличен извор на прехранбени влакна и вода, што го прави многу ефикасен во исфрлањето на токсините. Иако овој вид зеленчук нема посебна хранлива вредност, тој е одличен диуретик, а со тоа ја забрзува елиминацијата на штетните материи од организмот. Покрај тоа, богат е со сулфур и супстанции кои ги стимулираат бубрезите поефикасно да ја исфрлат мочната киселина. Бидејќи е малку калорична и не содржи сол, таа е една од главните компоненти на многу диети.

Состојки:

1 краставица

1 лимон

2 лажици чии семе

200 мл вода

Приготвување:

Најпрвин се потопува семето во вода.

По еден час, потребно е да се измеша водата заедно со чиа семето, сокот од лимон и изблендираната краставица.

Друга опција е да ја излупите краставицата и да ја ставите во соковник, па да го исцедите нејзиниот сок или да направите смути. Додадете сок од половина лимон во сокот од краставица. Додадете чиа семе и измешајте сè заедно. Оставете некое време за семето да набабри и да омекне и вашиот пијалак е подготвен.

За мешање е најдобро да користите блендер. Можете да додадете лажица мед во оваа мешавина и да го пиете напитокот секое утро или вечер, и по желба во текот на денот.

Фото: Pexels