Направете вистинско домашно сирење од само 2 состојки

Ви требаат само две состојки и само 10 минути, а подобро е отколку да купите

0
288

Ако сте љубител на младо сирење, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Наместо да купувате, за 10 минути направете си сирење што можете да го послужите во разни прилики. Сѐ што треба да направите е да ги измешате млекото и киселото млеко, да го ставите во рерна, а потоа да почекате да се излади.

Можеби ви се потребни плус 10-15 минути за цедење, но тоа е единствениот труд што треба да го вложите.

Состојки:

1 литар млеко
200 мл кисело млеко

Приготвување:

Истурете ги млекото и киселото млеко во глинен сад и ставете ги во рерна загреана на 120°С. Оставете ги во рерна околу 20 минути, потоа исклучете ја и оставете да се излади во затворена рерна околу 2 часа.

Добиеното сирење ставете го во сито во кое сте ставиле 4 гази и добро процедете го. Цедете го сирењето колку што можете повеќе. Чувајте го во добиената сурутка.

Фото: Принтскрин/Јутјуб