Направете златен мед и препородете го организмот

Мешавината од мед и куркума многу лесно можете да ја направите сами. Прочитајте како се прави, кои се нејзините придобивки и како да ја консумирате

0
294

Мешавината од мед и куркума е позната и како „Златен мед“. многу пати досега сме пишувале за здравствените придобивки на медот и на куркумата, но не е лошо да повториме, одделно за двете намирници.

Благодети на медот:

Против киселини
Лекува рани и изгореници
Против алергии
Против инфекции
Ја зајакнува отпорноста на организмот кон бактериите
Го подобрува варењето на храната
Го зајакнува имунитетот

Благодети на куркумата:

Моќен антиоксиданс
Има антиинфламаторно дејство
Ја подобрува функцијата на мозокот
Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
Против депресија
Го штити организмот од предвремено стареење

Рецепт за златен мед

Состојки:

100 гр мед
1 лажица куркума во прав

Додадете куркума во медот. Измешајте сè добро и ставете ја смесата во тегла.

Кога конзумирате, земете лажичка од смесата и чувајте ја во уста додека не се стопи смесата.

Еве како треба да ја консумирате оваа смеса:

Ден 1: Земете половина лажичка секој час, цел ден (од будење до спиење)

Ден 2: Земете половина лажичка на секои два часа во текот на денот

Ден 3: Земете половина лажичка три пати на ден

Фото: Unsplash