Направете лажен карамел без трошка шеќер

Дали сакате да научите како да направите карамел за помалку од 15 минути? Плус тоа, станува збор за вегански, без глутен и без додаден шеќер!

0
309

Ако некогаш сте се обиделе да направите карамел веројатно знаете дека тоа може да биде тешка задача. Една грешка, и ќе завршите со леплив или загорен хаос …

Тоа е една од работите што најмногу ни се допадна кај овој лажен карамел од урми и таан. Не бара никакво готвење и се подготвува супер едноставно и брзо. За да биде уште подобро, се прави со само неколку состојки и нема додаден шеќер. Вегански е и без глутен!

Сè што ви треба за да ја подготвите карамелата е:

Урми, кои го даваат тој сладок, карамелен вкус
Млеко од растително потекло, за да помогне да се измешаат урмите и да се добијат убава и мазна текстура
Таан, за да стане кремаво и да му даде јаткаст вкус
Екстракт од ванила, за покарамелен вкус
Прстофат сол, бидејќи слатко-солената комбинација е прекрасна

Откако ќе ги натопите урмите во врело млеко, сè што треба да направите е да ги измешате сите состојки додека не се добие компактна кремава смеса, и готово!
Чувајте ја карамелата во стаклена тегла во фрижидер до 2 месеци. И секогаш внимавајте да користите чист прибор за да извадите колку што ви треба!

Еве неколку интересни идеи што можете да правите со овој карамел:

Прелијте врз сладоледот
Намачкајте го на тост
Додадете го во овесната каша
Користете го како прелив за овошје
Ставете врз печени јаболка
Додадете го во вашето смуди

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.