Направете навечер за да имате наутро готов сладок појадок

Ако ви останале две презреани банани со кои не знаете што да правите, а повеќе не се привлечни за јадење, направете го овој колач кој е познат и како банана леб.

0
197

Ако сте љубител на слатко, направете го овој колач со банани навечер и наутро ќе имате што да појадувате заедно со првото утринско кафе.

Вообичаениот рецепт за овој тип на колач – банани, брашно, јајца, путер и шеќер, ние го прилагодивме по наше па наместо шеќер ставивме мед, а додадовме и суви брусници, неколку урми, ѓумбир во прав, сок од 1 портокал и кора од лимон, сечкани оревчиња и чиа семе.

Ова се количините што ги употребивме:

3 јајца

2 презреани банани

100 г путер

300 г брашно

1 лажичка прашок за пециво

1 ванилин шеќер

2 лажици мед

1 лажица чиа семе

една рака суви брусници

4-5 сечкани урми

сечкани оревчиња

1/2 лажичка ѓумбир во прав

Приготвување:

Ова е уште еден од оние рецепти кои се прават многу лесно и брзо. Згмечете ги бананите, додадете ги јајцата и медот и изматете убаво. Додадете го растопениот путер, а потоа и останатите состојки.

Ставете ја смесата во подмачкан и набрашнет калап за колач и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.