Направете палачинка на лесен и брз начин – во рерна

Дали има некој на овој свет кој не сака палачинки ?! Најверојатно не, но од друга страна, малкумина  се оние кои сакаат да ги прават.

0
283

За среќа, постојат и начини да се олесни тој тежок дел и да се подготви една голема палачинка за само пет минути. Плус уште 12-15 минути колку што ѝ треба за да се испече во рерна и имате оброк што може да биде исто толку вкусен кога се комбинира со слатки или солени додатоци, како појадок или како десерт.

За да подготвите ваква палачинка потребни ви се вообичаените состојки за палачинки и тава погодна за рерната. Користете ккаков било сад погоден за високи температури. Може да биде и помал сад за печење.

Од наведените состојки добивате една палачинка во тава со дијаметар од 24 см, доволна за две лица.

Состојки:

3 јајца

70 грама брашно

125 милилитри млеко

50 грама путер

прстофат сол

прстофат морско оревче

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Чувајте ја тавата во рерна најмалку 15 минути, за да биде жешка во моментот кога ќе ја истурите смесата во неа. Измешајте ги сите состојки освен путерот за да направите смеса за палачинка. Кога смесата ќе биде готова и тавата и рерната се загреваани, извадете ја тавата и ставете го во неа  путерот кој брзо ќе се растопи.

Направете сè доволно брзо за да не ви загори путерот. Разлејте го путерот преку целата тава и бидете сигурни дека е доволно жешка. Истурете ја смесата за палачинки во тавата и вратете ја во рерната. Следете ја состојбата и извадете ја тавата кога ќе процените дека палачинката е готова. Ова ќе трае околу 12-15 минути. Јадете ја во солена или во блага варијанта со вашите омилени состојки.

Рецептот и фотографијата се од Sweet ‘n’ Salty.