Направете палачинки со кокос и урда за подобро расположение

Ако станавте на лева нога, подобрете си го расположението со меки палачинки од кокос, лимон и рикота или несолена урда ...

0
193

Состојки:

4 големи јајца

330 г рикота (или несолена урда)

2 лажици шеќер

Кора и сок од лимон

70 г брашно

25 г кокосово брашно

прстофат сол

Приготвување:

Измешајте ги жолчките, рикота, кокосово брашно, шеќер и сок и кора од 1 лимон. Потоа додадете го брашното.

Белките изматете ги со прстофат сол во цврст шлаг и со помош на шпатула, додадете ги во смесата со жолчките и рикота.

Загрејте малку путер на тава и истурете од тестото. Печете ги палачинките 2-3 минути од двете страни.

Фото: Pixabey