Направете поздрава верзија на омилениот бешамел сос

Ви предлагаме рецепт за една поздрава варијанта за која ќе ви требаат истите состојки, освен брашно и плус една главица карфиол.

0
294

Бешамелот е еден од наједноставните сосови кои и одлично се согласуваат со голем број јадења.

Сепак, неговите главни состојки, брашното и путерот, не се некој здрав спој, па ви предлагаме рецепт за една поздрава алтернатива за која ќе ви требаат истите состојки, освен брашно и плус една главица карфиол.

Кога ќе се свари и ќе се спои со останатите намирници, карфиолот ќе даде прекрасни и нежни вкусови, а потоа веќе можете да го комбинирате во омилените јадења.

Овој сос можете да го користите наместо бешамел во лазањите, како и со тестенини.

Можете да го додадете и во рижото наместо путер, за да добие совршена кремозност или пак во спанаќ.

Состојки:

1 поголема главица карфиол

3 чешниња лук

2 лажици путер

5 шолји вода

Прстофат мајчина душица

Пола шолја млеко

Сол и црн пипер по вкус

Приготвување:

Исечкајте го лукот ситно, па ставете го во тава со растопен путер да омекне, но внимавајте да не загори.

Одвојте го карфиолот на цветчиња, ставете ги во вода и варете околу 10 минути.

Во блендер ставете го карфиолот, додадете шолја вода, лук, мајчина душица, сол, црн пипер и млеко.

Мешајте во блендерот додека не ја добиете саканата густина на сосот. Ако е потребно додадете уште млеко и зачини.

И ја имате вашата нова, поздрава верзија на бешамел сос.

Фото: Pixabey