Направете природна боја за колачи од прав од цвекло

Правот од цвекло е состојка што едноставно мора секогаш да ја имате во вашата кујна, особено ако сакате сами да правите природна козметика или природна боја за колачи.

0
211

Правот од цвекло е навистина популарен во последно време, од повеќе причини. Многу луѓе го користат како додаток за намалување на крвниот притисок, ја зголемуваат енергијата и го користат како помош при детоксикацијата. Исто така, може да биде прекрасен додаток на природната козметика бидејќи ќе ѝ даде убава боја. Овој рецепт за прашок од цвекло го најдовме на блогот Thethingswellmake.

Потребни состојки:

Цвекло

Добро измијте го цвеклото, излупете го и исечете го на многу тенки тркалца. Потоа наредете го цвеклото во тепсија за печење и оставете ги парчињата цвекло да се исушат во рерната, на ниска температура или на сонце додека не се исушат целосно.
Подоцна, едноставно смелете ги исушените тркалца од цвекло во мелница за кафе, такашто ќе добиете фин прав што можете да го користите за да направите природно руменило, сјај за усни, а исто така можете да го користите и како природна боја за колачи.