Направете сами: путер од сончоглед

По изглед и вкус, сончогледовиот путер личи на путер од кикирики, но има дури 30 проценти помалку маснотии. И најдобро од сè, можете да го направите сами веднаш, односно, кога ќе посакате да го намачкате на вашиот тост.

0
305

За да направите путер од сончоглед потребни ви се само неколку состојки, а основата е семето од сончоглед.

Овој путер е полн со витамин Е, има богат вкус, кремаст е и добар за мачкање. Совршен за мачкање на потпечено парче леб со семки.

Состојки:

Прво подгответе ги состојките. Ќе ви требаат:

3 чаши (250 мл) обични, нелупени и несолени семки од сончоглед

3/4 лажичка сол

1 ипол лажица мед (или кој било сличен „засладувач“)

1-2 лажици маслиново масло.

Приготвување:

Ставете во тава 3 чаши (250 мл) семе од сончоглед и пржете го една минута или две. Постојано мешајте ги со дрвена лажица и протресете ја тавата за да не изгорат. (Не купувајте пржени семиња за да го прескокнете овој чекор, бидејќи немаат доволно влага за да се добие кремав путер). Бидете внимателни да не ги препечете бидејќи ќе ја изгубат влажноста.

Ставете ги во блендер со 3/4 лажички сол и една лажица мед (или шеќер).

Кога семето ќе се претвори во прав, не треба веднаш да додавате маслиново масло, бидејќи ќе добиете путер полн со грутки. Продолжете со мешање уште 10 минути, бидејќи по тоа време тие ќе започнат да ослободуваат сопствено масло, па сончогледовиот прав ќе стане путер од сончоглед. Продолжете со мешање уште пет минути додека смесата не стане помека. Додадете уште една лажичка мед. Продолжете со мешање и постепено додавајте маслиново масло (една или две лажици) додека не видите дека смесата се претвора во путер.

Пробајте ја. Ако сакате, можете да додадете цимет или ванилин шеќер. Префрлете ги во теглички и затворете ги.

Можете да го мачкате на леб, да го јадете со свеж морков, јаболка и, се разбира, со крекери или на тост.

Фото: Pixabey