Направете сами: чоколадо со леблебии

Ова вреди да се проба. Брзо се прави, а потребни ви се само 3 состојки.

0
368

Состојки:

420 г сварен наут (Сварете го сами или купете наут во конзерва)

1 лажица кокосово масло

150 г црно чоколадо

По желба смрзнати јагоди

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење во тепсијата, а потоа ставете ги леблебиите и оставете ги во рерна околу 25 минути, повремено мешајќи.

Стопете го чоколадото.

Во голем сад соединете ги печените леблебии и стопеното чоколадо и ако сакате додадете јагоди, но и не мора. Оставете го преку ноќ во замрзнувач, а кога ќе го извадите, искршете го на парчиња и уживајте.

Фото: Инстаграм