Направете си домашни интегрални крекери со ленено семе

Семето од лен помага во регулирање на варењето на храната, но исто така обезбедува и богат спектар на хранливи материи и минерали.

0
345

Интегралните крекери од ленено семе се многу лесни за подготовка. Лененото семе во исхраната многумина го користат како безглутенска алтернатива или како здрав додаток во исхраната. Семето од лен помага во регулирање на варењето на храната, но исто така обезбедува и богат спектар на хранливи материи и минерали. Оваа супер здрава и вкусна закуска може да се послужи самостојно или со некои од вашите омилени сирења.

Состојки:

120 г бело пченично брашно
40 г интегрално пченично брашно
40 g интегрално брашно од ‘рж
5 лажици екстра девствено маслиново масло
10 г семе од лен
150 мл вода
1 лажичка семе од афион во зрна
1 лажичка сол

Приготвување:

Истурете 150 мл вода во тенџере, загрејте до точка на вриење и додадете го лененото семе. Гответе ги на тивок оган 7 минути. Оставете ги да се изладат.
Помешајте ги сите 3 типа брашно, па додадете ги семките од афион, маслиновото масло, солта и лененото семе заедно со слузот. Мешајте додека не се соединат состојките. Слободно можете да додадете малку вода.
Ставете го тестото настрана 15 минути.
Потоа попрскајте брашно на работната маса и развлечете го тестото на саканата дебелина. Исечете го тестото на правоаголници.
Покријте ја тавата за печење со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени, избоцкајте ги крекерите со вилушка и ставете ги да се печат во загреана рерна 15 минути.

Фото: Pixabey