Направете хумус со авокадо

Еден од најздравите намази, хумусот, со додавање на авокадо, ќе стане совршено нутритивно богатство.

0
569

Состојки:

250 г наут (сварете сами или земете конзервиран)
3 лажици екстра девствено маслиново масло
средно авокадо
3 лажици сок од лимон
чешне лук
сол
црн пипер
прстофат кумин (по избор)

Приготвување:

Исечете го авокадото на половина и извадете ja внатрешноста со лажица.
Ставете ги наутот и маслиновото масло во блендер. Мешајте додека не се добие компактна смеса.
Потоа додајте авокадо, сок од лимон, згмечен лук, сол и црн пипер по вкус, и кумин доколку користите.
Добро измешајте сè додека не се комбинираат состојките.
Додадете повеќе зачини ако е потребно.

Фото: Pexels