Направете ја најсличната верзија на леб со маја, без маја

Ако сте од оние што забораваат да си ги нахранат рипчињата во аквариум, веројатно истото ќе ви се случува и со мајата за леб. Ама ние имаме решение. Овој леб со само една трошка сув квасец е најсличен на лебот со домашен квасец, и по вкус и по изглед

0
117

Состојки:

350 г бело брашно

150 г овесно брашно

сув квасец на врвот од лажичката
1/2 лажичка сол

1 рамна лажичка мед

300 мл вода

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во сад и измешајте. Покријте со влажна крпа и оставете го на собна температура 12-18 часа. Ние го правиме навечер, а следниот ден, после кафето, ако е премногу течно, го поросуваме со брашно и нежно го преклопуваме со помош на шпатула неколку пати, за да добие форма на лепче и го оставаме покриено уште 3-4 часа.

Го ставаме во тавче со капак во ладна рерна, ја вклучуваме на 220 степени и го ставаме да се пече со преклопениот дел на лепчето свртен нагоре. Го печеме 35 минути со капак, а потоа уште 15-20 минути без капак.

Потоа завиткајте го во крпа и оставете го малку да одмори пред да го исечете.