Направeте јаболков оцет од отпадоци

Ако сакате да направите домашен јаболков оцет, а притоа да ги искористите отпадоците од јаболката, имаме одличен рецет за вас

0
453

Ако често користите јаболков оцет, за чистење и за приготвување на храна, тогаш задолжително обидете се да го направите сами. И тоа од отпадоци. Рецептот го најдовме на Twocatpots.

Состојки:

Отпадоци од јаболка (лушпи, семки, петелки)

шеќер

вода

Приготвување:

Ставете ги отпадоците во стаклена тегла и прелијте ги со вода во која претходно сте го растопиле шеќерот. На еден литар вода ставете 1/4 шолја шеќер. Мешајте додека шеќерот не се растопи па прелијте ги отпадоците така за водата целосно да ги прекрие.

Покријте ја теглата со памучна крпа и прицврстете ја со ластичиња. Не користете класични капаци затоа што е потребно оцетот да има воздух.

Оставете ја теглата на темно место 4-6 недели. После тоа време процедете го оцетот и ставете го во стаклено шише. Ако мислите дека не е доволно јак, ддадете уште малку шеќер и оставете го да ферментира уште некое време.