Наскоро инсектите ќе ги јадеме во брашно, чоколадо…

Бубачките може да се консумираат сушени, мелени во брашно, како додаток на оброци или во протеински чоколатца, а во некои делови од светот се јадат редовно и се сметаат за добар извор на протеини. Наскоро ова ќе биде возможно и во ЕУ

0
231

Во повеќето европски земји, засега е забранета продажба на црви, скакулци и други инсекти, но тоа наскоро може да се промени. Имено, Европската унија ги прогласи за безбедни за човечка исхрана, но потврдата на Комисијата се уште се чека.

Во Африка, Австралија и Нов Зеланд, бубачки се јадат редовно и се сметаат за добар извор на протеини. Тие може да се консумираат сушени, мелени во брашно, како додаток на оброците, во протеински чоколади, итн. Но, на Европејците сигурно ќе им треба време за да ги прифатат и да ги вклучат во својата секојдневна исхрана.

Пред неполни две години на нашиот портал имавме интервју со Даниел Пикл, еден од пионерите на исхраната со инсекти во регионот и оснивач на првата фарма за инсекти во Загреб, истовремено и вљубеник во инсекти, кој последниве години на својот блог  cricky.eu ја промовира оваа несекојдневна исхрана.

Идејата на проектот Cricky, ни кажа тогаш Пикл, е да биде централно место на сите одгледувачи на инсекти за човечка исхрана во Хрватска, да има сопствено производство на сировини и производи (брашно, енергетски барови, тестенини), да врши откуп на сировини од партнерите-одгледувачи, како и да организира едукации, семинари, помош при реализирање на проекти и фарми на инсекти, набавка на опрема.