Најдобра рестрикција на калориите на 3 омилени јадења

Лазањи, пире и шпагети. Ова се едни од најомилените јадења на многумина, па доколку сакате да ослабнете, а не сакате да се откажете од својата омилена храна, обидете се да ја модифицирате со помалку калорични состојки

0
227

Компирите и тестенините се меѓу најомилените прилози, а често и комплетни јадења. Но, овие две намирници се полни со јаглехидрати, поради што не ви се добри сојузници во слабеењето. Затоа, испробајте ги овие интересни замени.

Лазањи: Модар патлиџан наместо тесто

Модриот патлиџан е вкусна намирница со густа структура што може да го замени тестото во лазањите.
Измијте го модриот патлиџан и исечкајте го на листови. Ставете масна хартија во тавата, па наредете го модриот патлиџан врз неа и лесно премачкајте го со маслиново масло. Печете ги во рерна по околу 5 минути на 220 степени од двете страни.
Откако ќе се испечат, модрите патлиџани можете да ги користите на ист начин како и тестото за класична лазања.

Пире: Карфиол наместо компир

Овој зеленчук во варена верзија има деликатна текстура и ќе биде вкусна замена за компирите. Сварете го, додадете маку од водата, путер и павлака, како кога правите класично пире од компир. Измешајте сè заедно добро. Доколку сакате побогат вкус, малку пропржете исечкан лук и додадете го во пирето па измешајте сè заедно уште малку.

Шпагети: Тиквички наместо тестенини

Тиквичките се зеленчук кој многумина го сакаат и затоа треба да се користат максимално. Исечкајте ги тиквичките на тенки листови, а потоа секој лист на ленти (подебели или потенки) и ќе добиете шпагети од зеленчук.

Може да ги готвите шпагетите одделно или кога ќе направите сос, да ги ставите во него на крајот и да сварите сѐ заедно неколку минути. Секако, шпагетите од тиквички можат да се јадат и сирови.

Фото: Pixabey