Најдобрите рецепти со ѓумбир кои се одлични за вашето здравје!

Веруваме дека речиси сите денеска знаат колку се цени ѓумбирот како природен лек. А дали знаевте како можете да го подготвите ѓумбирот за да ги искористите неговите здравствени придобивки?

0
1845

Оваа билка се здоби со огромна популарност заради своите здравствени придобивки. Се смета дека потекнува од подножјето на Хималаите во северна Индија и е сроден со куркумата.

Веруваме дека речиси сите денеска знаат колку се цени ѓумбирот како природен лек. А дали знаевте како можете да го подготвите ѓумбирот за да ги искористите неговите здравствени придобивки?

Еве ги, најдобрите рецепти за ѓумбир се пред вас!

Ѓумбир со мед

Комбинацијата на ѓумбир и мед е древен тоник, кој е особено популарен во азиската, индиската и арапската хербална медицина, при што ‘медовата вода’ се користи како посредник за да се пренесат придобивките од коренот на ѓумбир во организмот.

Состојки:

  • 1 лажица свежо сечкан / ситно сечкан ѓумбир
  • 1 лажица мед
  • 1 чаша топла вода

Приготвување:

  1. Ставете рендан ѓумбир во шолја зовриена вода.
  2. Оставете да отстои 5-10 минути и извадете го ѓумбирот.
  3. Додадете мед кога пијалокот доволно ќе се олади.

Оваа комбинација е тоник најпознат како природен лек за варење.

Како природен антибиотик, оваа лековита смеса:

  1. Го стимулира имунитетот кај оние со слаб дигестивен систем.
  2. Се бори со токсините, помага во пренесување на храната низ желудникот и дигестивниот тракт (дигестивниот систем).
  3. Го третира вознемирениот стомак, мачнината, повраќањето и дијарејата.
  4. Ве ослободува од надуеност и придружни проблеми.
  5. Ги ублажува симптомите на настинка и грип.
  6. Делува како лек против кашлица.
  7. Помага за чистење на синусите.
  8. Ја олеснува главоболката и течењето на носот.
  9. Го намалува воспалението, го олеснува отокот и болката при артритис.
  10. Ја ублажува болката од мигрената.
  11. Ги олеснува менструалните грчеви.

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите и најлесните начини да го внесете ѓумбирот во вашата дневна исхрана и затоа искористете ги неговите лековити дејства.

Како да направите чај од ѓумбир:

Излупете помало парче корен од ѓумбир (со големина 5 см) и исечете ги на парчиња (прстени). Во меѓувреме, ставете 1 литар вода да зоврие, па додајте го подготвениот ѓумбир во врелата вода и варете уште 10 минути.

Извадете го чајот од ѓумбир од оган, покријте го и оставете да отстои околу 15 минути. После тоа, кога ќе се подизлади, можете да додадете мед и лимон за да го направите вкусот подобар.

Ѓумбир и лимон

Ѓумбирот и сокот од лимон се многу лесни за подготовка и многу лекуваат. Го зајакнуваат имунитетот, го чистат организмот и го поттикнуваат здравото слабеење.

Состојки:

1 поголем корен свеж ѓумбир (големина 5 см)

2 лимони

Мед

Приготвување:

Излупете еден поголем корен свеж ѓумбир (големина 5 см) и ставете го во блендер или соковник, потоа додадете 2 лимони (излупени) и измешајте. На овој начин ќе добиете концентриран ѓумбир и сок од лимон, кој се разредува со вода. Можете да го засладите сокот по вкус. Свежо подготвениот сок од лимон и ѓумбир треба да се пие најмалку 3 пати на ден за да има лековито дејство.

Ѓумбир, лук и лимон

Ѓумбирот, лукот и лимонот во комбинација се вистински природен мелем за бројни здравствени проблеми. Тие го зајакнуваат имунитетот, го чистат телото од токсини и други штетни материи, делуваат против инфекции и воспаленија, ги чистат крвните садови и го зајакнуваат организмот.

Како да ја подготвите оваа прекрасна комбинација:

Состојки:

  • 500 гр квалитетен мед
  • 1 поголем корен од ѓумбир
  • 1 лимон
  • 1 помала главица од лук

Приготвување:

Подгответе еден поголем корен свеж ѓумбир, излупете го и изрендајте го. Земете 1 лимон и исцедете го сокот или исечкајте го лимонот на парчиња како што ви одговара. Излупете го лукот и ситно исечкајте го. Сите овие состојки ставете ги во стаклена тегла со мед, така што ќе се наполни малку повеќе од половина, бидејќи ѓумбирот и лимонот ги ослободуваат соковите. Теглата оставете ја да отстои еден ден со сите овие состојки, а прелијте ја со мед.

Ако имате какви било проблеми, земајте 3 супени лажици од оваа смеса секој ден. За да го зајакнете имунитетот и да спречите болести, земајте 1-2 лажици од оваа смеса на ден.