Најевтиниот лек за висок крвен притисок

Го има на секој пазар, евтино е и многумина знаат колку е здраво, но не знаат дека меѓу останатите здравствени придобивки е лек и за високиот крвен притисок. Кардиолог објаснува зошто е цвеклото лек за притисокот

0
373

Здравата исхрана е важна за целиот организам, особено за кардиоваскуларниот систем, имунитетот и дигестивниот систем.

Кардиологот д-р Алејандро Јунгер вели дека секој што сака да го подобри здравјето на срцето треба да јаде повеќе цвекло.
Оваа евтина, лесно достапна намирница е неверојатен извор на хранливи материи кои му помагаат на телото да создаде азотен оксид, кој ги релаксира sидовите на артериите и го регулира згрутчувањето на крвта.

Станува збор за супстанција која е исклучително важна за вазодилатација, односно релаксација на крвните садови и подобар проток на крв, а со тоа и кислород. Кога крвните садови се опуштени, притисокот паѓа на здрави вредности, што го намалува ризикот од многу болести.

„Цвеклото треба да се јаде редовно и може да се вклучи во скоро секој оброк. Пробајте палачинки со рендано цвекло во тестото, смуди од цвекло или свежо цвекло во салата“, вели тој.

Фото: Pixabay