Најлошиот вид на диета е и најпопуларен

Детокс диетите стануваат сè попопуларни, затоа што многумина ги поврзуваат со брзо губење на килограмите и со здрава исхрана. Сепак, некои експерти предупредуваат дека брзата диета за детоксикација со сокови може да биде многу опасна.

0
265

Брзите диети со сокови кои се сè попопуларни како начин за брзо губење на килограми, но и како начин за детоксикација на организмот, истовремено значат и драстично намалување на бројот на калории што ги внесуваме во организмот. Обично тоа е комбинација на овошје и зеленчук, со земање на суплементи, што ја елиминира цели групи на намирници.

Експертите велат дека вистинскиот детокс, всушност, се состои првенствено од откажување од алкохол и кофеин. Тие се единствените навистина непотребни состојки кои на здравиот организам не му требаат и без кои е можен здрав живот.

Останатите намирници, како што се млечните производи и производите од месо, јајца, житарки и мешунки – доколку тие се произведуваат во согласност со пропишаните процедури и се чуваат правилно – не можат да бидат токсични за организмот ако исхраната е разновидна, а количините се умерени.

Нашите органи имаат способност за обработка на состојките, метаболички да обработуваат хранливи материи за изградба на ткиво и за енергија на организмот, како и да ги излачуваат оние супстанции што не му се потребни на организмот и кои – акумулирани – би можеле да бидат штетни за здравјето.

Би требало да се знае дека губењето тежина со вакви диети доведува до резултати само на краток рок.

Ова е најнездравиот начин за борба против прекумерната телесна тежина, затоа што телото веднаш по „укинувањето“ на храната оди во режим на гладување. Некои од масните наслаги ќе бидат изгубени, што обично ги прави луѓето среќни, но мускулната маса исто така почнува да се губи, што на долг рок води кон контра-ефект.

Имено, загубата на мускулна маса го забавува метаболизмот, такашто телото радикално го намалува бројот на калории што ги троши.

Целта на диетата треба да биде намалување на масните наслаги со одржување на мускулите, па дури и да ги зајакне доколку тие биле слаби и опуштени. Затоа е важно редовно да јадете протеински оброци и да правите разновидни вежби, што честопати не е можно со радикални детокс диети.

Телото ќе се прилагоди на недостатокот на хранливи материи и се обидува да ја конзервира енергијата. Како последица на тоа, се забележува зголемување на апетитот и намалување на потрошувачката на енергија. Ова е моментот кога доаѓа до израз брзиот, краткорочен ефект на детокс диетите.

Доаѓаме до одредена стагнација, до „платото“ во губење на тежината и повеќе не можеме да изгубиме килограми, а ако се вратиме на стариот начин на јадење, килограмите ќе се вратат многу брзо.

Затоа, ако применувате детокс диета, водете сметка за тоа да биде кратка, а потоа да не се враќате на старите навики, туку постепено да ја враќате храната од сите важни групи во вашата исхрана.

Фото: Pixabey