Најстариот лек: Пет причини зошто треба редовно да пиеме чај од шипки

Освен што е добар извор на витамин Ц, влијае врз намалување на крвниот притисок, помага во борбата со холестеролот, ги ублажува воспаленијата, стомачните тегоби, а се користи и за детоксикација на црниот дроб

0
520

Стариот добар чај од шипка крие големи придобивки за нашето здравје и е еден од најстарите познати растителни видови за исхрана, но и за лекување и зачувување на здравјето.

Чајот од шипки е еден од највкусните чаеви што во голема мера ќе помогне во ублажување на следниве тегоби:

1. Тој е извор на витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага во борбата со холестеролот.
2. Го намалува крвниот притисок: Оние кои имаат проблем со хипертензија треба да вклучат во својата секојдневна рутина и пиење на 3 шолји чај од шипки.
3. Ублажува разни воспалителни процеси: Чајот од шипка е одличен додаток во лекувањето на болести како што е остеоартритисот. Ја ублажува болката и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите велат дека помага во обновување на ‘рскавицата.
4. Лекува стомачни тегоби: Се користи за цела низа проблеми како грчеви, недостаток на желудочна киселина, иритација и чиреви на желудник. Исто така, го олеснува варењето на храната, а добро е да се пие и при дијареја и при запек.
5. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката: Благотворно делува кај проблемите со жолчни камења и жолчен песок. Се користи за детоксикација на црниот дроб.