Најубавиот летен ручек

Има ли некој што не го сака ова јадење? Пржени пиперки и домати, лукче и малку свеж босилек...

0
486

Наједноставниот, најлесниот и најевтиниот ручек на сите времиња. Секогаш кога сум се враќала од некаде дома, во лето, некаде каде што нема пиперки и домати како нашите, ова бил мојот омилен ручек.

Токму ова е ручекот со кој мајка ми ги пречекуваше сите гости кои ни доаѓа од некаде, а секогаш го правеше во најголемото тенџере. Се разбира, со оваа летна манџа најдобро одат парче сирење и маслинки и по можност, убав домашен леб.

Ако не знаете за доста, ич не почнувајте да го правите.

Ако немате лути пиперки, а вие сакате кога е јадењето малку луто, додадете лут буковец. Нема подобро!