Некои од нашите омилени замени за јајца

Ако постите, а не сакате да останете без десерт, не се грижете, имаме неколку одлични предлози за замена за јајца

0
210

Тргнавте во акција и се одлучивте на кулинарски потфати, но сфативте дека дома немате јајца или пак дека постите и дека ќе треба да направите нешто без јајца. Нема потреба за паника, бидејќи тука ќе ги најдете најдобрите идеи за одлични алтернативи со кои ќе можете да ги замените јајцата во рецептите.

Згмечени банани – Обожаваме да користиме згмечени банани во рецептите за вегански кекси, мафини и браунис. Можете да додадете пола шолја банани, а бананите што ги користите мора да бидат многу зрели!
Ленено семе – натопеното ленено семе е една од најчестите вегански замени за јајца. Тоа може да се користи за секакви десерти: вегански брауниси, колачи, кекси, па дури и во палачинки. Потопете 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици вода и оставете да стои 5 минути.
Сос од јаболка (Applesauce) – сосот од јаболко е одлична замена за јајца и може да се купи во речиси секоја продавница (видете на полиците за храна за бебиња.) Најчесто се користи во вегански колачи и мафини. Додадете околу ¼ шолја во вашата смеса.
Чиа семе – ова семе е слично на лененото семе. Го користиме истиот сооднос како и за лененото семе.
Пире од тиква – За сите колачи инспирирани од есенските рецепти со цимет и морско оревче. Користете го односот ¼ чаша пире на 1 јајце.

Фото: Pexels