Немате презли? Еве со што можете да ги замените

Трошките од леб се клучна состојка во многу рецепти. Тие дејствуваат како поврзувачко средство, создаваат совршена кора и даваат вкусна крцкавост на многу јадења. Сепак, освен трошки од леб, може да постигнете крцкавост и со многу други намирници ...

0
261

Пржењето месо, риба, сирење, зеленчук и многу други намирници кои претходно биле потопени во јајца и трошки од леб и/или брашно и потоа ставени во врело масло е омилен начин за подготвување оброци во многу домаќинства. Смесата за похување обично се состои од трошки од леб, брашно и јајца, а многумина ја користат и за печење во рерна, кога сакаат да добијат крцкав оброк, а да избегнат впивање на повеќе маснотии. Но ако сте наумиле да правите нешто крцкаво, па сте откриле дека немате презли, не очајувајте, има голем број варијации на темата, подеднакво крцкави и вкусни. Пробајте една од следниве намирници …

Овесни снегулки

Ова е совршена замена за трошки од леб во, да речеме, во ќофтиња. Додавањето на грубо мелен овес во мешавината за ќофтиња или крокети ќе помогне во згуснувањето на смесата и врзувањето на состојките. Не е занемарливо ниту тоа што имаат поголема хранлива вредност од лебните трошки.

Можете исто така да користите овесни снегулки за панирање месо, сирење или риба. Се препорачува употреба на цели овесни снегулки.

Пченкарни или оризови снегулки

Ако јадете крцкави житарки со млеко за појадок, одлична вест е дека можете да ги користите и како замена за презли. Доколку се одлучите за оваа опција, проверете дали зрната што ги користите да не се засладени и благи.

Трошките направени од житарките одлично одат со пилешко или риба. Процесот на правење трошки е ист како кај крекерите, едноставно ставете ги во пластична кеса и здробете ги со оклагија.

Чипс

Класичните чипсови од компири (со или без вкус) се одлична замена за традиционалните трошки од леб. Можете да ги користите овие крцкави трошки од чипс за да создадете крцкава кора при пржење филети од пилешко или риба. Чипсот е многу солен сам по себе, затоа намалете ја количината на додадена сол.

Јатки

Сецканите ореви како бадеми, ореви или индиски ореви ќе создадат крцкава кора полна со вкусови и ароми. здробени јаткасти плодови, дури и брашното од некои (како ореви, бадеми и кокос) се фантастична замена за трошки од леб со малку јаглехидрати и многу добри масти кои се одговорни за чувството на ситост.

Крекери

Солените грицки како што се крекерите, можат да бидат одлична замена за трошки од леб. Ставете крекери или солени стапчиња во пластична кеса и здробете ги со оклагијата, а потоа можете да ги користите на ист начин како и трошките од леб.

Фото: Pixabay