Нема гранола, како домашна гранола

Секогаш е многу поевтино, повкусно и поздраво да си направите нешто сами, па така е и кога станува збор за овие крцкави мусли. Рецептот го позајмивме од блогот „Ситно сецкано“

0
169

Ако сакате поевтина и поздрава варијанта од вашиот омилен појадок, крцкавите мусли, направете си ги сами дома. Домашната гранола ќе ви трае месец – два доколку ја чувате во чиста тегла на собна температура. Рецептот за оваа варијанта ја најдовме на блогот „Ситно сецкано“.

Состојки:

3 шољи овесни снегулки

3 лажици интегрален сусам

3 лажици ленено семе

¾ шолја кокосово брашно

½ шолја сончоглед

½ шолја ореви

2 лажици ф’стаци

1 лажица мелен цимет

1 лажиче мелен кардамом

Сето ова измешајте го во една вангла па додадете изматени:

Сок од 1 портокал, 2 лажици мед и 2 лажици кокосово масло

Повторно сé измешајте, ставете ја мешавината во големо тавче во тенок слој и печете ја во рерна на 150°C околу 25 минути. Повремено мешајте и внимавајте да не ви загори, особено во последните 10 минути.

После печењето, додадете 2 – 3 шољи суво овошје по ваш вкус: брусници, урми, кајсии, ѓумбир…

Кога ќе се олади целосно, префрлете ја гранолата во тегла и ако ја чувате во фрижидер или во замрзнувач може да трае долго, неколку месеци.