Нема најпријатен мирис ама го подига расположението и ги намалува килограмите

Зелката е одлична за намалување на холестеролот, за слабеење, за јакнење на мускулите и за лекување на чир на желудник, но и за кревање на расположението и концентрацијата. Ферментацијата создава и витамин Б12, кој вообичаено се наоѓа исклучиво во храната со животинско потекло, па затоа киселата зелка особено им се препорачува на веганите и вегетаријанците.

0
1013

Зелката е навистина чудесна намирница, не само затоа што е богата со минерали, туку тие се наоѓаат во таков сооднос кој телото може најлесно да ги искористи.

Зелката е одлична за намалување на холестеролот, за слабеење, за јакнење на мускулите и за лекување на чир на желудник. За кревање на расположението и концентрацијата секој ден јадете две-три лажици кисела зелка.

Иако неговата корисност се намалува со готвењето, сè што важи за свежата, важи и за киселата зелка. Зелката е една од ретките намирници чии хранливи својства се зголемуваат за време на процесот на киселење. Ферментацијата создава и витамин Б12, кој вообичаено се наоѓа исклучиво во храната со животинско потекло, па затоа киселата зелка особено им се препорачува на веганите и вегетаријанците.

По содржината на витаминот Ц може да се споредува со лимоните и портокалите. За време на долгите патувања, морнарите под палубата  задолжително имале дрвени каци полни со кисела зелка, за да не дојде до недостаток на витамин Ц во нивниот организам. Дури и течноста добиена со киселење на зелката е лековита. Расолот е кај нас одомаќен како лек за сите проблеми со дигестивниот тракт и како народен лек за намалување на отокот на зглобовите.

Експериментално е докажано дека свежиот сок од зелка успешно го третира чирот на желудник и воспалението на дебелото црево. Се претпоставува дека за тоа е заслужен витаминот У, чиј недостаток во желудникот и цревата, се верува дека е одговорен за појава на чир. Сокот од свежа зелка ја поттикнува размената на материи во клетките и има корисен ефект врз слузницата на цревата.

Помешано со сок од морков и репка е одличен пијалок за оние кои страдаат од недостаток на калциум. Исто така, се препорачува кај средовечни жени за да се спречи процесот на остеопороза. Делува на добро расположение, благодарение на подоброто искористување на протеините, го прави организмот поотпорен на стрес и го активира метаболизмот.

Анемија

Зелката е богата со минерални соли, витамини и хлорофил, и се препорачува за лица со слабокрвност кои би требало да ја јадат сирова или обарена на пареа, и би било добро да пијат по две чаши свежо исцеден сок секој ден.

Подобро варење

Против недостаток на киселина во стомакот, пијте една чаша расол првиот ден, две чаши вториот ден, три – третиот ден и така до пет чаши. Потоа, намалувајте ја количината по обратен редослед. Против гасови направете свеж сок од зелка и пијте 20-30 гр сок на празен стомак пет дена, наутро.

Сок од зелка

Измијте ја добро главицата зелка. Додадете половина литар вода во миксер. Ставете ја зелката и мешајте додека не се добие изедначена смеса. Зелката може да се меша и со други овошја и зеленчуци, на пр. моркови или јаболка за да го подобрат вкусот.

Слабеење

Првиот ден, јадете до килограм и пол кисела зелка, распоредена по оброците. Следниот ден, јадете за ужина пола килограм зелка со парче леб и неколку лажици свежо сирење. За ручек, повторете, но додадете зелени јаболка во зелката. За вечера, со зелката изедете два варени компири, пет грама путер, малку кромид и ким (или некој друг зачин по желба) и малку испржете ја. Третиот ден, комбинирајте ги менијата за првите два дена како што ви одговара.

Главоболка

Ако страдате од главоболка, можете да го пробате овој народен рецепт – ставете лист од кисела зелка на челото, завиткајте го со газа и легнете во кревет.

Паразити

За заболувања како што се глисти кај децата или разни паразити во цревата, земаме свеж сок од зелка или кисела зелка на секои 2 часа на лажица, и јадеме салата од кисела зелка со лук и маслиново масло два пати на ден.

Губење на слухот

Навечер, пред спиење, натопете вата во расол од кисела зелка. Оставете ја ватата во увото, држете ја преку ноќ и извадете ја следното утро. Слухот треба да се подобри.

Алергии и убоди

Алергиските реакции на кожата и каснувањата од инсекти можат да се ублажат со нанесување на лист од кисела зелка на погодената област или неколку пати на ден да се мачка со расол.

Против кашлица

Направете сируп од 500гр сок од црвена зелка и 500 гр шеќер или мед. Измешајте и варете неколку минути. Земете 3-4 лажички сируп на ден.