Непознатите здравствени придобивки од семето на афион

Семето од афион не само што го подобрува вкусот на храната на која ѝ се додава, туку има и свои придобивки за физиолошките процеси во организмот. Има аналгетско и антиоксидативно дејство, превенција е од дијабетес тип 2, а помага и при несоница, па затоа пред спиење се препорачува шолја топло млеко со мак.

0
149

Семето од афион има многу вредни состојки, меѓу кои се и калциум, бакар, железо, магнезиум, фосфор, селен, цинк. Тие се одговорни за голем број здравствени придобивки, од кои некои не се добро познати, но се многу вредни.

Семето од афион има аналгетско и антиоксидативно дејство, помага при несоница, бидејќи алкалоидите во него имаат смирувачки ефект. Магнезиумот содржан во него обезбедува добар квалитет на сонот, гарантирајќи мир во текот на ноќниот одмор. Затоа пред спиење се препорачува топло млеко со афион.

Тоа е и вреден лек за проблеми со гастроинтестиналниот тракт и претставува превенција против формирање на камења во бубрезите.

Семето во сува состојба содржи алкалоиди морфин, кодеин, папаверин. Мали дози од нив се аналгетици и исто така имаат корисен ефект врз нервниот систем.

Семето од афион е многу популарно во кулинарството како додаток во производи од тесто и колачи, сосови и разни јадења. Тоа не само што го подобрува вкусот на храната на која ѝ се додава, туку има и свои придобивки за физиолошките процеси во организмот. Диеталните влакна што ги содржи  помагаат во цревната перисталтика и штитат од запек. Тие исто така се превенција против дијабетес тип 2.

Кои се придобивките од семето од афион?

Семето од афион содржи и голем број витамини од групата Б. Витамините од комплексот Б се дел од метаболичките процеси кои вклучуваат масти и јаглехидрати, т.е. помагаат во снабдувањето на телото со енергија, ја подобруваат состојбата на мускулите, срцето, кожата, а исто така и производството на црвени крвни клетки.

Олеинската и линолеинската киселина го намалуваат производството на лош холестерол и го зголемуваат нивото на добриот.

Раните заздравуваат побрзо со употребата на семе од афион.

Фото: Pixabay