Не го заморуваjте телото со премногу правила како што се ручекот и спиењето

Големиот јапонски доктор Шигеаки Хинохара кој живеел до 105 години е заслужен за долговечноста на Јапонците, неодамна починал и ни оставил наследство што вреди да се знае.

0
3132

Дали сакате да ја доживеете стотката во добра форма, здраво тело и ум? Големиот јапонски лекар Шигеаки Хинохара, кој неодамна (во 2017.година), починал на 105-годишна возраст, со својот пример покажа дека тоа е можно. Тој го посвети својот живот на постигнување на долговечност на нацијата и помогна да се воспостават медицинските системи што ги направија Јапонците еден од најдолговечните нации во светот. Речиси до неговата смрт, тој работел во болница, лекувал пациенти и им предавал на студентите. Еве ги неколку од неговите совети за долг, здрав и квалитетен живот:

Енергијата доаѓа од тоа што се чувствуваме добро, не од здравата исхрана и многу спиење

Сите се сеќаваме дека кога бевме деца, често заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека можеме да го задржиме тој став и како возрасни – најдобро е да не го заморувате телото со премногу правила, како што се ручекот и спиењето“, објаснувал лекарот. Најважната работа за виталноста е да се чувствувате задоволни и исполнети. Забавувајте се – на тоа треба да се работи, наместо да се оптоваруваме со тоа кога ќе јадеме и кога ќе спиеме.

Пазете се од дебелината

Лекарот Хинохара постојано потенцирал дека стотка доживуваат луѓе кои немаат прекумерна тежина, и затоа треба да обрнеме внимание на тежината и на физичката состојба. Не треба да се оптоваруваме со исхраната, но треба да внимаваме да не се прејадуваме. Тој самиот пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло за појадок. Веруваше дека маслиновото масло е одлично за крвните садови и кожата. На ручек јадел млеко и бисквити, а честопати го прескокнувал ручекот кога бил премногу зафатен. За вечера, јадел зеленчук, риба и ориз. Јадел говедско месо двапати неделно.

Планирајте однапред

Хинохара секогаш имаше целосен распоред најмалку за една година однапред. Така, рекол тој, многу ги очекувал Олимписките игри во Токио 2020. За жал, не ги доживеа, но неговиот став кон животот и плановите зборува за тоа колку бил оптимист, што е исто така важна ставка за долговечноста.

Не мора да се пензионирате ако не сакате

После 65-тата година започнав да волонтирам. Предавам и ги посетувам пациентите, работам дури 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа “, рекол Хинохара. Ако некој сака да работи, нека работи. Ако не сака, нека се пензионира и нека се посвети на она што сака да го прави.

Не верувајте во сè што вели лекарот

Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја лекуваат секоја болест и секој пациент. Тој посочил дека кога лекарот ќе ви препише терапија или преглед, треба да го прашате дали истото би им го препорачал на своите роднини. Ако одговорот е не, зошто да бидеме изложени на непотребен стрес и страдање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание врз заздравувањето, многу поголемо отколку што мисли медицината.

Секогаш користете ги скалите и носете си ги торбите

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтовите. Секогаш качувајте се по скалите и обидете се сами да ги носите торбите. Хинохара исто така ги користе скалите и секогаш ги прескокнува едно по едно. Скалите и одењето се дневна вежба за вашето срце и целото тело.

Болката е мистериозна

Најефективниот начин да се справите со болката е преку забава. Кога детето ќе се удри, објаснува Ханохара, тој ќе плаче сè додека нешто друго не му го привлече вниманието. Тогаш ќе заборави на болката. Вака треба да прават и возрасните. Тој верувал дека терапевтските кучиња и другите животни треба да бидат доведени во болниците, како и музика за да им се помогне на пациентите да се справат со болката.

Не собирајте материјални работи

Не го трошете животот на натрупување – нема да земете ништо со себе кога ќе умрете“, рекол Хинохара.

Фото: Screenshot