Не мора да е здодевна и обична, нели?

Не бегајте од измешани вкусови на зеленчук и овошје, знаат да бидат изненадувачки добри

0
126

Што ќе се случи ако направите некоја поинаква салата од оние што вообичаено ги јадете?

Не ја отфрлајте веднаш идејата, можеби ќе се случи да ви се допадне. Се разбира, освен ако не сте закоравен традиционалист, кој не признава салата ако не е шопска.

На пример, како ви звучи овој предлог: краставица, ротквици и јаболко, зачинети со маслиново масло, јаболков оцет, морска сол и копар?

Верувам дека ние отсега ќе ја имаме почесто на нашата трпеза во оваа, но и во други варијанти. На пример, рендана црна или бела ротква, рендано јаболко, сок од лимон, маслиново масло и суво грозје. Комбинирајте и најдете ја вашата омилена комбинација. Мислам, освен шопска.